Акција за подигнување на зелен отпад „Стар Град“

Ј.П. „Охридски Комуналец“ со цел да им излезе во пресрет на потребите на граѓаните на општина Охрид, во секоја сабота од месец април ќе организира акции за подигнување на зелен отпад, а саботите од месеците мај и јуни се резервирани за подигнување кабаст отпад. Овие акции ќе се одвиваат согласно испланираниот годишен календар за 2013 год.

Ј.П. „Охридски Комуналец“ – Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 06.04.2013 год.(сабота) ќе организира акција за подигнување на зелен отпад од уредување на дворни површини и градини (гранки, трева, жива ограда и сл.) од населба „Стар Град“.

Се молат граѓаните кои живеат на споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад да го уредно да го депонираат најкасно до 10:00 часот и претходно да го пријават во Р.Е. „Механизација“ на телефон 046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат екипите на Ј.П. „Охридски Комуналец“ благовремено да го подигнат.