Главниот подофицер на АРМ, главен наредник Драган Стојановски и наредникот Лидија Илковска од Ј-3/ГШ на АРМ, во период од 08 до 10 Јули учествуваат на шестата Конференција на главни подофицери од армиите на САД – Јадранска повелба во Тирана, Република Албанија.
Главна тема на конференцијата е „Родовата еднаквост, интеграција и перспективи во вооружените сили“, на која учесниците се очекува да разменат искуства и погледи за совладување на предизвиците со кои се соочуваат припадниците на вооружените сили во поглед на родовата еднаквост.
Воедно, на конференцијата ќе бидат согледани и можностите за успешна соработка на полето за родовата еднаквост, како и подготовката и извршувањето на мисиите предводени од НАТО и ЕУ.
Конференцијата на главни подофицери е од особено значење за регионалната соработка во рамките на Јадранската група, што претставува уште една гаранција за градењето на стабилноста, добрососедските односи и взаемното разбирање помеѓу армиите во регионот.
Одличната соработка помеѓу армиите од Јадранската група, претставува силен импулс и поттик во соработката помеѓу главните подофицери, кои пораките и искуствата од овие форуми успешно ги пренесуваат до последниот војник во нивните армии.