Одбојкарите на Естонија со 3:0 ја декласираа Македонија

Македонската репрезентација претрпе пораз од Естонија во првиот натпревар од Групата А во Европската одбојкарска лига.

Натпреварот се играше во Естонија, а домашната репрезентација уште на самиот почеток покажа борбеност и мотивираност за победа. Првиот сет Естонија го доби со високи 25-9.

Слично започна и вториот сет, Естонија започна немилосрдно и за брзо време дојде во речиси недостижна предност. Македонската репрезентација успеа да ја намали таа предност, но само до 25-19 за победа на Естонија во вториот сет.

Третиот сет може да се каже дека беше скоро неизвесен, но на крајот Естонија успешно ја заврши работата и победи со резултат 25-18, вкупно 3:0 во сетови.

Утре со почеток во 19:00, Естонија и Македонија ќе одиграат уште еден натпревар од Групата А од Европската лига.

Покрај Македонија и Естонија, во нашата Група А се уште и: Полска, Австрија, Данска и Израел.

WebOhrid