Одложено авионското запрашување против комарци

Општина Охрид и ЈЗУ Центар за јавно здравје- Охрид ги известуваат граѓаните дека планираното авионско прскање кое беше најавено за утре од страна на Министерството за Транспорт и врски во соработка со Министерството за Здравство се одложува поради неповолните временски услови.

Запрашувањето ќе се изврши во наредниот поволен период, за што граѓаните ќе бидат повторно информирани.