Формиран новиот Совет за безбедност на сообраќајот во општина Охрид

Новиот состав на Советот за безбедност на сообраќајот на патиштата во општина Охрид, денеска ја одржа првата конститутивна седница. Согласно законските прописи, овој состав и новиот претседател на Советот за безбедност на сообраќајот на патиштата Стефан Димоски, Советот на Општина Охрид едногласно ги избра на четириесетата седница.

На почетокот на конститутивната седница на Советот за безбедност на сообраќајот на патиштата во Општина Охрид, уште еднаш му го честитам изборот на Стефан Димоски за претседател на Советот, а на новоизбраните и на членовите кои и досега беа дел од ова тело им посакувам успешна работа- рече во своето обраќање заменик градоначалникот Ангел Јанев Тој додаде дека „Целите на работата на Советот се развивање и унапредување на сообраќајното образование и воспитување на учесниците во сообраќајот, остварување соработка и координација во развој на сообраќајно-превентивната работа и самозаштитата, унапредување на општата безбедност во сообраќајот на патиштата како работа од општ интерес, како и иницирање и предлагање потребни мерки за поголема безбедност на сообраќајот на патиштата во Општина Охрид“ – рече Јанев.

Sovet_za_bezbednost_4851

Претседателот на Советот за безбедност на сообраќајот на патиштата во општина Охрид Стефан Димоски, рече дека уште со конституирањето на ова тело, веднаш е пристапено кон подготовка на документите во кои главно место има програмата за работа.

„Направивме обемна и остварлива програма, која, уверен сум дека ќе ја реализираме, пред се со поддршка на Локалната самоуправа, зошто сакаме граѓаните и туристите да се чувствуваат безбедно. Очекувам дека со посветена работа ќе ги реализираме посебно важните задачи како што се оние поврзани со унапредување на сообраќајното воспитување и образование на учесниците во сообраќајот и развивање на сообраќајно образовната работа и безбедносната култура во предучилишните установи и училиштата како и остварување соработка и координација во превентивната работа на органите , институциите , правните лица и другите субјекти кои делуваат во областа на сообраќајот“ – потенцира Димоски .

На конститутивната седница на Советот за безбедност на сообраќајот на патиштата беше усвоен деловникот и годишната програма за работа, како и извештајот за одржаните активности во кампањата „ Подобрување на безбедноста на велосипедистите во сообраќајот“ .

Sovet_za_bezbednost_4853