Се уредува стариот дел од градот пред почетокот на „Охридско лето“

Пред почетокот на културно-уметничката манифестација „Охридско лето“,  ЈП „Охридски Комуналец“ реализира акција за уредување и расчистување на стариот дел од градот.

„Се коси тревата во близина на сцената на Античкиот театар и летната сцена на катедралната црква Св.Софија. Сите пристапни улици и сокачиња се расчистени и искосена е тревата покрај коловозот на патот кој води од Втор Чинар до Горна Порта, од Горна Порта до ул.„Крум Точко“ и ул.„Илинденска“. За време на отворањето на фестивалот ќе бидат ангажирани дежурни екипи кои ќе делуваат на пристапните улици и околу Антички театар заради одржување на поголемо ниво на хигиена.“- велат од претпријатието.

ohridsko