Поставени семафорите кај Рача, се чека нивно вклучување

Иако патиштата се далеку од готови, семафорите од вечерва „висат“ на крстосницата кај Рача, на Булеварот „Св.Наум Охридски“. Како искуство од сите изминати летни сезони, во Охрид нешто мора да се работи и тоа токму сред сезона.

Пред извесно време беа поставени металните конструкции, а прашање на време беше кога ќе се постават и семафорите.

WebOhrid