Утре авионско запрашување против комарци

Општина Охрид и ЈЗУ Центар за јавно здравје- Охрид ги известуваат граѓаните дека Министерството за Транспорт и врски во соработка со Министерството за Здравство утре ќе изврши авио третирање со широкопојасен инсектицид за третирање на комарци (аеросолна адултицидна дезинсекција).

Запрашувањето ќе започне во 05 часот и ќе трае до 8.30 часот. Истото ќе се одвива на површина од 1500 хектари и тоа на крајбрежјето на потегот од с. Подмоље до населба Св. Наум и на територијата на град Охрид.

Поради запрашувањето против комарци се известуваат пчеларите на 15ти јули (среда ) 2015г. да не ги пуштаат пчелите од кошниците, односно да ги преземат потребните мерки за нивна заштита.

Се известуваат граѓаните на Општина Охрид дека препаратот со кој ќе се изврши запрашувањето не е штетен за луѓето и животните, односно водата и почвата.

Доколку временските услови не го овозможат вршењето на дезинсекцијата, запрашувањето ќе се изврши во наредниот поволен период.