Центарот за безбедност на вода при Црвен крст Охрид доби тренери и спасители на брзи води

Како резултат за обуката за спасување и извлекување на давеници од брзи води, кои во организација на Црвен крст Охрид и под водство на инструктор за безбедност на вода од Операција Флориан, се реализираа од 10-14 јули на реката Дрим во Струга, Центарот за безбедност на вода при Црвен крст Охрид се здоби со тренери и спасители на брзи води. Единствени во Македонија, обучени по стандардите на Велика Британија, овие тренери и спасители на вода во периодото што следува, на соодветни обуки ќе ги пренесат стекнати знаења и вештини на своите колеги во другите средини во Македонија, со цел да се зголеми безбедноста на вода на брзи води-реки.

Јавна промоција на тимот на спасители на брзи води на Црвен крст Охрид ќе се одржи утре, во 11 ч. на старото пристаниште (пред х. Палас).

На оваа промоција ќе бидат истакнати и податоци за состојбата со капалиштата-плажите на охридско-струшкото крајбрежје во текот на оваа летна сезона, од аспект на воспсоставените мерки за безбедни капалишта.