Првата ,,Библиотека на плажа” се отвора утре, на Градската плажа во Дојран. Ова ќе биде уживање за сите посетители кои бесплатно ќе можат да читаат и уживаат додека се на плажа.
Со почеток од 11 часот, на градската плажа во Дојран, претставниците од медиумите и сите посетители ќе може да читаат книги од библиотеката на плажа во друштво на Градоначалникот на Општина Дојран, Борче Стамов, како и Дејан Павлески, првиот човек на Клуб Матица.
Првата Билбиотека на Плажа ќе започне со работа Среда на 15.07.2015 година.