Иако не ги сакаа изборите, тие ќе се случат во Април! Тогаш ќе биде готово! Народот победува!, напиша на својот ФБ профил Илија Димовски, координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.
Еврокомесарот Јоханес Хан вечерва истакна дека е договорено да има избори, без да прецизира кога тие ќе се одржат. Сепак тој нагласи дека е постигнат договор кој ќе значи напредок на Македонија.
„Задоволен сум што политичките лидери постигнаа договор. Тоа е заеднички успех. Земјата ќе напредува во евроатлантските перспективи“ – рече меѓу другото еврокомесарот.