Премиерот Груевски оствари телефонски разговор со помошникот државен секретар на САД, Викторија Нуланд

Претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски изутрина оствари телефонски разговор со помошникот државен секретар на САД,  Викторија Нуланд.

Соговорниците го поздравија вчерашниот договор за решавање на политичката криза.

Нуланд честиташе за лидерството кое беше демонстрирано и истакна дека САД останува стратешки партнер на Република Македонија во реализација на реформите, интеграциите и напредокот на нашата земја.

Премиерот Груевски ја истакна посветеноста на Владата за продолжување со реформите кои ќе значат унапредување на стандардите во сите сфери, економски раст и креирање на нови работни места.

Премиерот се заблагодари на г-ѓа Нуланд за американскиот придонес во обезбедувањето напредок на земјата.