Се уредува дворот во ОУ „Братство Единство“

ОУ „Братство Единство“ започна со подготовки за новата учебна година. Деновиве интензивно се работи на уредување на училишниот двор и бојадисување на оградата

„Правиме напори со вложување минимални финансиски средства да го направиме овој простор подобро место за учење на нашите сегашни и идни ученици. Акцијата за разубавување на нашето училиште беше поддржана и од вработените, така што дел од нив покажаа волја активно да го поминат својот годишен одмор,“ изјави директорот на училиштето Муамер Доко.

Вакви и слични активности ќе продолжат и во текот на летниот распуст, со цел училиштето подготвено да ја дочека новата учебна година.