Големи успеси на балканското и европското првенство во бодибилдинг и фитнес

По повод големиот успех на балканското и европското првенство во бодибилдинг и фитнес, денес директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески организираше прием за македонските репрезентавци и осфојувачи на медали во бодибилдинг и фитнес . Заедно со репрезентативците во делегацијата беа присутни и челниците на Македонската Бодибилдинг и фитнес федерацијаита. Директорот Спасески им го честиташе големиот успех и истакна дека македонскиот бодибилдинг и фитнес веќе претставува сериозен учесник на сите големи меѓународни натпреварувања во сите категории и останатите држави гледаат со респект кон Македонија.Директорот Спасески изјави:

„Ми претставува огромна чест што лично можам да им ги честитам успесите и освоените медали и можам да кажам дека Македонија има блескава иднина во бодибилдинг и фитнес.Така да и останатите репрезентации гледаат со респект кон нас“ – заврши Спасески.

Бобан Ѓороски претседателот на федерацијата на Македонија го запозна директорот Спасески со успесите што беа постигнати на балканското кое се одржа од 1-3мај во Регхин-Романија и Европското во Санта Сузана,Шпанија од 13-18 Maj.

Македонската репрезентација настапи на Балканското првенство од1-3 Maj 2015 vo Регхин,Романија.Во конкуренција од 150 натпреварувачи Македонија осфои две златни медали,први места во категории,Ветераниi (Jовче Василевскиi)и Бикини-Фитнес до 163цм (Марија Нацева). Марија Нацева стана и Апсолутен Победник победувајки ја и победничката во другата категорија над 163цм,Бикини-Фитнес.

Томче николовски го осфои второто место во категорија до 80кг бодибилдинг,Дејан Пауновски трето место во Бодибилдинг Класик.

Европското првенство се одржа во Санта Сузана,Шпанија од13-18 Maj. Учествуваа 46 земјиi од Европа меѓу кои и нашата репрезентација.Македонските репрезентативци беа вo конкуренција со над 1.500 учесници, Македонија настапи со три натпреварувачи и еден судија.Марија Нацева го постигна најголемиот успех во историјата на женскиот бодибилдинг и фитнес осфојуваки го 8-то место во категоријаБикини-Фитнес до 163 цм во конкуренција на39 натпреварувачки од Европa.

Бобан Ѓороски го информираше директорот Спасески за следното државно првенство кое ке се одржи на 10.10.2015 во Скопје и ке преставува квалификации за Светското Првенство во Шпанија од 5-9 Ноември 2015 (за мажи) и во Унгарија13-16 Ноември за жени.Покрај овие две првенства македонската репрезентација ке се појави и ке настапи на Куп натпреварите Арнолд Класик Европа,како и Мистер Олимпија аматери,кои ке се одржат во Шпанија-Мадрид и во Чешка-Прага.

Председателот Бобан Ѓороски заедно со репрезентативците се заблагодарија за приемот во домот на спортот и ветија дека ќе продолжат со успешните настапи и дека ќе дадат се од себе и од наредното првенство да се вратат со повеќе медали.

DSC00771