Минимален пораз за Работнички во Латвија

Во второто квалификационо коло од Лигата на Европа, Работнички со минимален пораз се враќа од Латвија. Домашниот тим на Јеглава успеа дури во 87 минута да постигне гол и да има минимална предност од 1:0 пред вториот дуел во Скопје.

Повратинот дуел се игра за седум дена, односно на 23 јули со почеток во 20:00 часот на Националната Арена „Филип Втори“ во Скопје.

WebOhrid