Во пресрет на муслиманскиот празник Рамазан Бајрам на иницијатива на градоначалникот на општина Охрид, Никола Бакрачески беше уреден дворниот просторот кај џамијата „Емин Махмут“ во населба Воска.
Просторот е партерно уреден, а на површина од 35 квадрати поставени се бехатон плочки.
Градежните активности кои траеја два дена ги реализираше ЈП „Нискоградба“.