Повредена мечка се појави на плажа во Струга

Вчера околу 13,50 часот пријавено е дека на плажата пред автокампот „Треска“ во Струга дошла мечка која била повредена во пределот на предната лева нога. Од страна на полициски службеници цела вечер беше обезбедено местото на настанот, со цел да нема влегување на граѓани во кампот. Известени се инспектори по лов.