Балканските рок ѕвезди Ван Гог вечерва со концерт во Охрид

Во дополнителната програма на Охридско лето, српскиот рок бенд Ван Гог ќе го прослави својот јубилеј 30 години дел од балканската музичката сцена.

Вечерва, со почеток во 21 часот, на локација на Долни Сарај, Охрид, еден од најголемите балкански рок состави, ќе одржат концерт, во рамки на дополнителната програма на Охридско лето. За време на концертот Ван Гог ќе ја забавуваат публиката со стари и нови хитови.

Групата Ван Гог е формирана во 1986 година кога го објавуваат и нивниот прв сингл „Трагови на минатото“. Досега имаат објавено 9 албуми, а последниот е насловен „Неумерен у свему“. За песната „Ангеле мој брате“ од последниот албум тие направија и македонска верзија од истата, која се наоѓа на плеј листите на македонските радио станици.

Ван Гог два пати се добитници на престижната награда од Ем-ти-ви Адрија, во категоријата за најдобар регионален изведувач. Прв пат оваа награда ја добиваат во 2007 година, а во 2014 повторно се закитија со истата.

По големата турнеја во Австралија насловена „Со лице во лице“ , истата е во полн ек и низ балканските земји.

Познати по својата динамична музика, и моќен рок звук, концертот ветува забава за сите присутни.