Во Дојран се испишува историја!

Вечерва во македонската историја на фестивалскиот туризам со златни букви ќе бидат испишани Дојран и Д Фестивал.

Со комплетно пополнети капацитети за сместување во цел Дојран и околината, организаторите очекуваат рекордна посета на Д Фестивал.

„Интересот е огромен, камперите веќе го наполнија прекрасниот парк на влезот во Стар Дојран – нашиот официјален фестивалски камп, а според процените, посетата од странски туристи ќе биде најмалку десет пати поголема во споредба со минатата година.“- велат тие.

Најголемиот број од странците доаѓаат од соседните земји, но најавени се многу добредојдени посетители од Западна и Централна Европа.

3-дневните фестиваски влезници од денес ќе можат да се набават по цена од 800 денари. Дневните билети ќе чинат 350 денари за петок и сабота (17.07 и 18.07) и 450 ден за недела, 19.07.

Фестивалот чии билети имаат најниска цена во цела Европа, има програма по светски стандарди и логистички е подржан единствено од општина Дојран, без дополнителни субвенции од ниту една друга институција.

„Дополнително, веќе и официјално сме единствениот и најнезависен камп во Македонија, на што сме особено горди.“- велат организаторите.

Од денес, сите посетители ќе можат да ги подигнат своите карти на означените билетари од 10 часот до 2 по полноќ.

„Со цел да избегнеме метеж, најискрено ве замолуваме да ги подигнете своите фестивалски алки порано во денот, на една од билетарите на паркингот Гранит или пред фестивалскиот камп. Доколку веќе не сте ја замениле вашата карта со фестивалска алка, влезот во кампот и на главната сцена нема да ви биде дозволен по 2 часот по полноќ.

Ги молиме сите одговорни органи, возачи и совозачи, да внимаваат и да се грижат за безбедноста во сообраќајот, да возиме умерено, внимателно и со намалени брзини. Искрено веруваме и се надеваме дека следната година нашите барања, молби и реакции ќе бидат услишани и на патот на правецот Нов Дојран – Стар Дојран, ќе биде воведена забрана за движење на товарни и транспортни возила.“– додаваат тие.

DFestivalKamp

Фестивалскиот камп денес започнува со активности од попладне, а главната сцена ќе биде отворена од 19 часот.

saatnica-za-soopshtenie-1-main saatnica-za-soopshtenie-1-kamp