Одбојкарската репрезентација на Македонија повторно го надигра Израел

Одбојкарската репрезентација на Македонија денес го одигра и четвртиот натпревар од Групата А во Европската лига. Македонија по вчерашната победа и денес успеа да го победи Израел со 3:0 во сетови.

За разлика од вчерашниот дуел помеѓу Македонија и Израел, денешниот натпревар беше многу потежок за нашата репрезентација.

Првиот сет Македонија го доби со 29:27, вториот со 25:20 и третиот сет со 25:19.

Во Групата А води Естонија со 12 бодови, пред Полска со 10, Австрија со 8, Македонија со 6 бодови и Данска и Израел со по 3 бодови.

Следниот двомеч од Групата А од Европската лига во одбојка Македонија ќе го игра против Данска во Скопје, на 25 и 26 јули.

WebOhrid