Општината и полицијата заеднички против нарушувачите на сообраќајниот режим

На иницијатива на градоначалникот , Никола Бакрачески денес се одржа координативна средба со претставници од СВР -Охрид и надлежните служби од локалната самоуправа на која заеднички се разгледуваа можностите за непречено регулирање на сообраќајот и надминување на сите неправилности.

На средбата се разговараше за определени неправилности меѓу кои и несоодветно паркирање возила на тесните улични грла и проблематичните зони во градов.

Генерално, беше договорена заедничка зајакната контрола во насока на почитување на воспоставениот сообраќаен режим и согласно законот спроведување соодветни санкции за оние возила кои сообраќаат во забранетите зони или несовесно ги паркираат возилата на недозволени јавни површини.

Policija_soobrakaj_rezim_2015_4852