Откажан концертот на „2 Cellos“ во Охрид

Продукција „Пасворд“ и „Охридско лето“ информираат дека концертот на хрватското дуо „2 Cellos“, кој требаше да се одржи во дополнителната програма нa фестивалот, на 8.8.2015 г., поради приватна причина се откажува, односно ќе се презакаже во нов термин. Членовите на дуото ветуваат дека наскоро ќе биде соопштен датумот за големото музичко доживување.

Од продукцијата „Пасворд“ информираат дека купените билети може да се вратат од среда, 22.7.2015 г. на продажното место Југотон во ГТЦ.

На сите што купиле билети онлајн, парите ќе им бидат вратени на нивната сметка.