Дел од улицата „Питу Гули“ од утрово беше затворен за сообраќај. Станува збор за делот од крстосницата на улицата „Питу Гули“ со улицата „Марко Нестороски“ до Автобуската станица.
Градежните активности на улицата „Питу Гули“ започнаа во април оваа година. Проектот се реализира со кредит од Светска банка, потпомогнат од Владата на Р.Македонија, односно Министерството за финансии.
WebOhrid