СДСМ: Охрид и охриѓани сеуште се без современа автобуска станица

Советниците на опозицијата во Советот на општина Охрид, денес одржаа прес-конференција, во чие име се обрати д-р Јован Стојаноски, координатор на советничката група на ОО СДСМ Охрид. „Никола Бакрачески и ВМРО-ДПМНЕ ниту донесоа напредок, ниту реализираа еден приоритетен проект за Охрид и охриѓани. Од многуте ветувања, ниту еден од зацртаните приоритени проекти не е реализиран, ниту има некаква трага и почеток за нивна реализација.Ја нема ветената автобуска станица којашто му е потребна на Охрид, туристичкиот бисер на Македонија. Изградбата на нова, современа, меѓународна автобуска станица која беше прв приоритетен проект во…

повеќе...

Во Охрид ќе се градат Конгресен центар, катни гаражи и други капитални проекти

До крајот на 2016-та и во првата половина на 2017-та во Охрид ќе започнат да се градат повеќе капитални објекти чија вредност е над 25 милиони евра, а кои се од голема потреба за граѓаните и кои во изминатите децнии беа напразно ветувани, а сега конечно се реализираат. Годинава треба да се градат нова марина, две катни гаражи, пешачка патека од пристаниште до Канео, Конгресен центар, како и нов објект за Домот на култура. Заедно со претходно потпишаните инвестиции за градба на покриен базен и покриен зелен пазар, нова современа…

повеќе...

Дел од улицата „Питу Гули“ привремено затворен за сообраќај

Дел од улицата „Питу Гули“ од утрово беше затворен за сообраќај. Станува збор за делот од крстосницата на улицата „Питу Гули“ со улицата „Марко Нестороски“ до Автобуската станица. Градежните активности на улицата „Питу Гули“ започнаа во април оваа година. Проектот се реализира со кредит од Светска банка, потпомогнат од Владата на Р.Македонија, односно Министерството за финансии. WebOhrid

повеќе...

Започна реализацијата на проектот за изградба на современа автобуска станица во Охрид

Охрид ќе добие современа автобуска станица. Реномираната транспортна фирма и туристичка агенција „Делфина Турс“ од Скопје која по неодамна одржаната јавна лицитација за продажба на градежно земјиште стана сопственик на градежната површина од 11 997 м2 за две односно најдоцна за четири години треба да ја изгради современата автобуска станица во Охрид. Почетокот на овој крупен проект денес беше официјализиран со потпишување на договор за соработка помеѓу градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески и сопственикот на „Делфина Турс“, Аднан Исмаил. Градоначалникот Бакрачески изразувајќи надеж дека во договорените законски рамки ќе биде…

повеќе...

Дом за стари лица, автобуска станица и катна гаража ќе се градат во Охрид

Во наредниве две до три години три крупни капитални проекти ќе бидат реализирани во општина Охрид: дом за стари лица, катна гаража и автобуска станица. Истите ќе бидат реализирани по пат на продажба на земјиштето со строго дефинирана намена. За таа цел денес советниците на градскиот совет дадоа зелено светло за трите предлог одлуки кои се однесуваа на отуѓување на градежното неизградено земјиште на кое е предвидено да се изгради дом за стари лица, катна гаража и автобуска станица. „Првата одлука се однесува на отуѓување на градежно неизградено градежно земјиште…

повеќе...