Концерт на Аца Лукас на 25-ти јули во Охрид

На само неколку дена до закажаната вистинска журка под отворено небо со хитовите на непоправливиот рокер, Аца Лукас, организаторт на концертот најавува промотивна цена на влезницата од 300 денари, но само до петок. Веќе во сабота на 25-ти јули, оносно на самиот влез на Плажа Немо за каде што е закажан и настапот на Лукас, влезницата ќе ве чини 400 денари.

Со почеток во 22.00 часот, Лукас на плажа Немо ќе почне да ги реди своите најголеми хитови. И нема да биде сам. Најавува специјални гости со чија помош ќе се обиде тој 25-ти јули, сите што ќе бидат на плажа Немо во Охрид да го запаметат.

„Кафана на Балкану“, „Нисам преживео“, „Истина је да те лажем“, „Песма од бола“, „Нешто против болова“…се само дел од песните кои што наместо Лукас ќе ги пее неколку илјадната публика која што веќе најави присуство за неговиот концерт.

Оние кои што сеуште не обезбедиле влезници, истите можете да ги набават низ локалните кафулиња и киосци во Охрид, продажната мрежа на купикарти за се, како и на денот на концертот на самата плажа Немо.

Почетокот е закажан за 22 часот. Крајот на журката, организаторот го најавува за раните утрински часови.