Кривична пријава за две лица вработени во ЕВН КЕЦ Струга

Полициската Станица Струга поднесе кривична пријава против В.Т.(26) и Г.Ш.(29) одговорни лица на работни групи во ЕВН КЕЦ Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“.

Во април годинава, заради пропуштен должен надзор од страна на пријавените, била извршена кражба на електрични кабли сопственост на ЕВН причинувајќи материјална штета од околу 30.000 денари.