Полициската Станица Струга поднесе кривична пријава против М.В. (37) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба на дрва“.
На 14-ти јуни годинава од страна на полициски службеници од ПО Велешта во с.Поум на м.в.Арабаба затекнати се тројца албански државјани кои вршеле бесправна сеча на дрва, а по преземени мерки е утврдено дека пријавениот ги ангажирал да вршат сеча на дрва. На местото на настанот пронајдени се 10 метри просторни дрва, а при извршен претрес на домот на пријавениот уште 14 метри просторни дрва, нежигосани и без соодветна документација. Против албанските државјани до шумската полициска станица во Струга е поднесена прекршочна пријава за сторен прекршок по чл.69 од Законот за шуми и на истите им е изречена опомена и прекршочна мерка одземање на предмети.