Шекспировата „Многу врева за ништо“ вечерва на „Охридско лето“

Театарската претставата „Многу врева за ништо“ од Вилијам Шекспир, во режија на Ана Ѓорѓевиќ, а во изведба на Народниот театар од Сомбор, Република Србија ќе биде изведена вечерва во рамки на фестивалот „Охридско лето“.

„Шекспировата смеа е без злоба, како нежен дожд што ја чисти атмосферата и охрабрува и зајакнува; неговата комедија час лудување и шегување, час исмевање на глупавите недоразбирања или фанатична перверзија, час остроумна духовитост, час израз животна радост и воодушевување на убавината човечка, е комедијата за која Хајне вели дека е маѓепсана градина, во која се зборува на јазик што може да се научи само во сон или во раното детство – дали најпосле ја откривме тајната”, вели големиот театарски ерудит Хуго Клајн По војните, со доаѓањето на пролетта се буди природата, луѓето… и сите излегуваат на морскиот брег. Се раѓа љубов. Тука треба да се спаси една венчавка, спојување на два пола во љубовна заедница, мистичен чин на победа на хармонијата над хаосот, венчањето како симбол на триумфот, целовитоста која е распарчена на машко и на женско, на бело и на црно, на умот и на чувството, на телото и на душата, лево и десно, венчавањето како духовна и емотивна појава – моментот кога две личности ќе се спојат во меѓусебно апсолутно прифаќање.

„Нашата претстава е конструирана како сон во кој треба да се спаси заедничката љубов – венчавањето како духовно и емотивно спојување на лица и победата на хармонијата над хаосот“, вели режисерката Ана Ѓорѓевиќ Ѓорѓевиќ е родена во Белград на 7.8 1977 година. Драмска режија и радиорежија, дипломирала на Факултетот за драмски уметности во Белград. Од првата професионална претстава до денес режирала повеќе од 20 претстави во својата земја и надвор од неа. Автор е и коавтор на голем број драматизации и авторски текстови, а за некои од нив и добитник е на голем број награди од 2008 година до сега.

„Многу врева за ништо ќе се игра во дворот на Основното училиште „Свети Климент Охридски“ со почеток во 21 часот.