Ставени во употреба подземните контејнери

ЈП „Охридски Комуналец” ги пушти во употреба првите три подземни контејнери во оваа општина, лоцирани кај паркот во централното градско подрачје.

Контејнерите се со капацитет од 3 метри кубни, и ќе овозможат осовременување на системот за складирање, селектирање и подигнување на комуналниот отпад, како и поголема комунална хигиена особено во летниот период кога има поголема фреквенција на движење и се генерираат поголеми количини на отпад. Граѓаните кои ги користат овие контејнери треба да го селектираат отпадот. Во нив треба да се депонира само комунален отпад, додека хартијата треба да се депонира во посебната решетка која се наоѓа надвор, а исто така има и 2 надворешни контејнери, наменски поставени, за депонирање на стакло и пластика.7