На 1-ви август, ден по настапот на Фед Ле Гранд на плажа Парк во Охрид, на истата локација ќе настаат Кирил Џајковски и ТК Вондер! Ова ќе биде нивен прв настап на Хајнекен Грин Бич Фестивал. Посетителите ќе имаат екстра можност да бидат дел од неверојатна дводневна забава на преубавата плажа Парк, и тоа со една единствена супер промотивна влезница од 400 денари. ВИП картите ќе чинат 700 денари.
Имајќи предвид дека оние што ќе го сведочат сензационалниот диџеј сет на холандската денс супер ѕвезда, Фед Ле Гранд, нема да можат да престанат со танцување, за 6-то издание на Хајнекен Грин Бич Фестивал им овозможуваме продолжение од соништата. Целодневната програма на 1-ви август, сабота, ќе биде пополнета со повеќе атрактивни македонски диџеи, со што ќе ја заокружиме програматаа за најексплозивниот викенд ова лето.
На 31.07, петок Хајнекен Грин Бич Фестивал го пречекува Фед Ле Гранд. Како дел од неговата турнеја, во која ги посетува најжешките светски подиуми, холандскиот претставник во светскиот денс крем, доаѓа да го запали и охридскиот брег. Член на светската електро продуцентска елита, тој е омилен диџеј на најважните светски клубови и фестивали. Соработувал со Мадона, Колдплеј, Блек Ајд Пис и кој уште не, а својот печат во историјата на електронската сцена го остави со планетарниот хит “Put Your Hands Up 4 Detroit”, трака која што се искачи на врвот на топ листите во повеќе земји низ светот. Од тука неговата кариера бележи невиден прогрес.
Фед Ле Гранд ги полни најважните денс арени и клубови на светската мапа, хедлајнер е на најголемите фестивали, публиката го обожава, а најдобра потврда за неговиот блескав талент се редовните дестинации како Амстердам, Ибица, Миконос, Лас Вегас….
Шоуто на Фед Ле Гранд не се пропушта, а Хајнекен Грин Бич Фестивал е идеална локација за вистински да се доживее овој спектакл за кој ред чека целиот свет. Фед Ле Гранд во Охрид ни пристига со приватен авион и продукциски тим одговорен на звукот и визуелните ефетки на настанот.
Локалната подршка на Фед Ле Гранд доаѓа од Никофор, Ајсберг, Лефанк и Диџеј Боби.
На 01.08, сабота не очекува супер адреналинско продолжение на журката што ќе ја приреди Фед Ле Гранд. Кирил Џајковски и ТК Вондер ќе го задржат, па и засилат интензитетот на Фед Ле Гранд и ќе го затворат најсилниот викенд во 2015-та. Омилениот Џајковски, заедно со единствената ТК Вондер, кои ја распродадоа втората ноќ на Д Фестивал во Дојран, ќе се погрижат за незаборавно шизење на плажа Парк.
Џајковски и ТК Вондер, со нивното шоу ја воодушевуваат Европа веќе неколку години и не е случајно што ним им ја даваме честа да го крунисаат Хајнекен Грин Бич Фестивал. Кулминацијата на настанот број еден ова лето ќе се случи по целодневна журка на плажа Парк на 1-ви, каде покрај Џајковски и ТК Вондер, ќе настапат повеќе возбудливи домашни артисти.
Хајнекен Грин Бич Фестивал годинава ќе биде засилен со до сега невидено озвучување и визуелно искуство по највисоките стандарди со што остануваме во групата на европски фестивали од самиот врв. Откако на единствениот вистински подиум во Македонија ги пречекавме најзначајните имиња во денс светот, како Армин Ван Бурен, Пол Ван Дајк, Карл Кокс, Џон Дигвид, Фери Корстен и Роџер Санчез, решивме да ја прошириме приказната. Пред нас се неодоливи 48 часа журка на плажа кои не се пропуштаат по ниедна цена.
Најубавиот викенд во годината поминете го на најдобрата журка!
Влезниците до 29-ти јули се продаваат по неверојатна цена од 400 и 700 денари за ВИП. Во четврток и петок (30-ти и 31-ви) ќе чинат 500 и 800 за ВИП, а на самиот влез истите ќе можат да се набават за 600 и 1.000 денари.
Ги молиме нашите посетители да ја чуваат влезницата од првиот ден, со која ќе можат да влезат на Хајнекен Грин Бич Фестивал и следниот ден, 1-ви август.
Доколку доаѓате само на 1-ви август, кога настапуваат Џајковски и ТК Вондер, картата ќе ве чини 250 денари или 500 за ВИП.
Билетите можат да се набават во продажната мррежа на МК Тикетс и тоа:
Продажните салони на ONE во: Скопје (Ramstore, ТЦ Бисер, ГТЦ, ВЕРО Центар, Skopje City Mall)
Куманово, Тетово,Гостивар, Битола, Охрид, Струга, Неготино, Кавадарци,
Прилеп, Штип, Велес, Кочани, Струмица, Гевгелија;
Скопје: Југотон (ГТЦ 1 кат), Универзална Сала, Тобако – МПМ ПРЕС, Тобако 2 -Скопјанка, Тобако – Дрводекор, Супер Тобако 8; Кафе Браво ; Кафе Круг;
Тетово: Алпине Спорт, Кафе Амнезија; Битола: Хард Рок Кафе; Охрид: Њу Тобако; ЗЗ ТОП; Кавадарци: Ровим Ком; Куманово: Кафе Агорa; Кочани: Комисион Шишко.