Деловните простории кај „Мини-маркет“ конечно добиваат пристап

Деловните простории на потегот од „Мини-маркет“ па се до Музичкото училиште „Методи Патче“ конечно добиваат пристап. 

Градежните зафати на овој потег, за изградба на мини-плоштад, започнаа во декември минатата година, а од тогаш па до денес, сопствениците и вработените во деловните простории, меѓу кои и Банката и Поштата, но и сите граѓани и гости беа приморани да газат кал или прашина во зависност од временските услови.

Добрите вести се тоа што деновиве се интензивирани градежните зафати на овој потег, а од денес, со партерното уредување, деловните простории веќе добиваат пристап, онаков каков што треба да има и каков што доликува за еден мини-плоштад.

На овие активности им претходеше поставување на комплетно нова комунална инфраструктура и фундаментите за јавно осветлување.

WebOhrid