ЈП „Нискоградба“, Охрид во рамки на своите активности денес изврши реконструкција на дел од мрежата за одведување на отпадни води како и комплетно чистење на канализационата мрежа во Авто-кампот „Андон Дуков’’.
ЈП Нискоградба со таквите активности придонесува за подигнување на хигиенските услови во кампот што придонесува за поздрава и побезбедна животна средина.