Во текот на вчерашниот ден издадени 493 потврди за барање азил

Во текот на вчерашниот ден до Одделението за азил се поднесени уште 6 барања кои се однесуваат на 8 лица.Сите осуммина се по потекло од Сирија, а меѓу нив најстарото лице има 36 години, додека најмладото е родено годинава.

Од започнувањето на издавањето на потврдите до 24.07.2015 година до Одделението за азил се поднесени 41 барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда, при што 31 барања се од државјани на Сирија за азил од нив 10 за деца, потоа три барања од државјани од Пакистан, по две барања од државјани од Мароко, Алжир и Ирак (едно од барањата е за деца) и едно барање од државјанин на Египет

Изминатиов ден, врз основа на измените и дополнувањето на Законот за Азил, Министерството за внатрешни работи издаде 493 потврди за искажана намера за поднесување на барање за признавање право на азил во Република Македонија на странските државјани кои илегално влегле на нашата територија.

Во периодот од 19.06.2015 до 24.07.2015 година во 08,00 часот, издадени се потврди на вкупно 18.752 странски државјани, од кои, 13.752 се од машки пол, 2.472 се од женски, 2.361 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 167 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-13.747, потоа Авганистан-1.526, Ирак-1.085, Пакистан-625, Сомалија- 431, Палестина-382, Конго-255, Камерун-104, додека останатите се во помал број.

Во ЈУ Прифатен центар за баратели на азил во дневниот регистар на баратели на азил за 24.07.2015 година се евидентирани вкупно 14 баратели на азил, од кои 9 баратели на азил се мажи, 1 барател на азил е женa и 4 баратели на азил се малолетни лица.

Во однос на активностите на мобилните тимови на Црвен крст на ден 23.07.2015, до 23.00 часот, екипите беа лоцирани на железничките станици во Гевгелија и Куманово- Табановце укажаа прва помош на вкупно 155 лица, од кои 114 интервенции беа реализирани во Гевгелија, а останатите 41 на Табановце.

Екипата на Црвен крст лоцирана на железничката станица во Гевгелија, укажа прва помош при струен удар на 18 годишно момче. По укажаната прва помош, поради сериозноста на повредите екипата повика брза помош, која го транспортираше момчето до гевгелиската болница, а потоа и до Градската болница во Скопје, каде лицето е задржано на интензивна нега. Неговото семејство беше транспортирано до прифатниот центар за азиланти во Визбегово.

Во текот на денот, мобилните екипи на Црвен крст дистрибуираа вкупно:

• 293 шишиња вода
• 24 пакети за бебиња
• 21 хигиенски пакет за жени
• 16 хигиенски пакети за мажи
• 38 семејни пакети со храна
• 12 пакети со хигиена за лична прва помош.