По прекрасниот концерт на хрватскиот пијанист Иво Погорелиќ што се одржа синоќа во црквата „Света Софија“ вечерва тој повторно ќе настапи во оваа црква во рамките на фестивалот „Охридско лето“.
Публиката уживаше во неговиот настап за што сведочеа бројните бисеви, но заради огромниот интерес, овој извонреден светски уметник, по напорите на фестивалската дирекција и вечерва ќе одржи концерт за тие што вчера не успеаја да влезат во „Света Софија“.
Синоќа голем беше и бројот на гости од странство кои специјално дојдоа во Охрид токму поради концертот на Погорелиќ. Резервации имаше од Србија, Хрватска, Грција, Чешка, Албанија, Франција. Овој пијанист во текот на осумдесеттите години од минатиот век ја фасцинира светската јавност со своите интерпретации на Шопеновата музика, но и на онаа од другите светски композитори.
Вечерашниот концерт нa Погорелиќ ќе се одржи со почеток во 21 часот.