Концерт на групата Љубојна во Охрид

Групата Љубојна со концерт во Охрид, но во едно ново руво, во еден друг амбиент во “Кадмо Beach & Club“. Концертот ќе се одржи овој викенд на 15-ти Јули во Петок со почеток во 23 часот. Влезниците за престојниот концерт на Љубојна може да ги набавите во предпродажба по промотивна цена од 200 денари во “Кадмо Бар“, “Кадмо Beach & Club“ и на штандот на Кадмо на плоштадот во Охрид. Групата Љубојна ова лето ќе одржи и концерти на “Д-Фестивал“; “Струмица Опен Фест“; “Пробиштип Summer Fest“; Радовишка “Самун ем Татлија“,…

повеќе...

Овој петок концерт на Танец во Охрид

Ансамблот за народни игри и песни на Македонија „Танец”, во петок (25ти март) ќе одржи концерт во Центарот за култура „Григор Прличев“- Охрид. Концертот ќе биде со почеток во 20:00 часот, а влезот ќе чини 150 денари. ПРОГРАМА: 1. ТЕШКОТО – Кореографија 2. ТРЕЕНИЦА – Кореографија 3. СУДБО МОЈА – Сузана Спасовска 4. НЕ ВИТКАЈ СЕ СОФЧЕ – Сузана Спасовска 5. МИТРА МОМА ПОПОВАТА – Сузана Спасовска 6. МАЛЕШЕВКА – Кореографија 7. ДОЈДИ ДОЈДИ МАЛОЈ МОМЕ – Пеачки Кор 8. ПОМНИШ ЛИ ЛИБЕ ТОДОРО – Пеачки Кор 9. СЕДНА БАБА…

повеќе...

Албанските уметници даваат значаен придонес во музичката програма на „Охридско лето“

На програмата на „Охридско лето“ значајно место зема и учеството на албанските уметници кои даваат значаен придонес во музичката програма. Тоа се уметници потврдени на светската сцена. Во фестивалската историја ќе бидат запаметени извонредните уметници од Албанија, како Петрит Чеку, Рудин Ленго, Теди Папаврами, итн. Оваа година, во неа ќе се запишат пијанистката Мерита Реџа Тершана, виолинистот Клаиди Сахтачи и челистот Пјетер Гураљуми. Вечерашниот концерт е во стандардниот термин 21 часот во црквата Света Софија. Пијанистката Мерита Реџа Тершана е една од најактивните музички уметници во Албанија. Во текот на…

повеќе...

Искрени аплаузи за пијанистот Погорелиќ од публиката на „Охридско лето“

По прекрасниот концерт на хрватскиот пијанист Иво Погорелиќ што се одржа синоќа во црквата „Света Софија“ вечерва тој повторно ќе настапи во оваа црква во рамките на фестивалот „Охридско лето“. Публиката уживаше во неговиот настап за што сведочеа бројните бисеви, но заради огромниот интерес, овој извонреден светски уметник, по напорите на фестивалската дирекција и вечерва ќе одржи концерт за тие што вчера не успеаја да влезат во „Света Софија“. Синоќа голем беше и бројот на гости од странство кои специјално дојдоа во Охрид токму поради концертот на Погорелиќ. Резервации имаше…

повеќе...

Јелена Карлеуша најавува жежок викенд во Охрид: Спектактуларно шоу на балканската дива

Откако ги наполни сите познати светски магазини и портали, најозборуваната српска пејачка викендов ќе ја подгрее и онака жешката атмосфера во Македонија. Карлеуша за првпат доаѓа во Охрид каде што утре петок (24.07) ќе одржи целовечерен концерт во дискотеката „Калео“ која важи за една од најголемите дискотеки во Македонија. Позната по својот ексцентричен стил таа најверојатно во Охрид ќе долета со приватен авион, а нејзиниот настап ќе биде вистинско шоу какво што само таа знае да направи: провокативни точки, секси костуми, „флерт“ со публиката. Заедно со Јелена доаѓа тимот кој се…

повеќе...