Денес беше поставен и осветен камен-темелник на црквата посветена на „Св.Варвара“ во Сливово. На поставувањето на камен темелникот покрај бројните жители, присуствуваа и претседателот на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељаноски и градоначалникот на општина Дебрца, Игор Трајкоски.
„Убав ден во родно Сливово… Во присуство на драги луѓе, со градоначалникот на Општина Дебрца, Игор Трајковски поставивме камен темелник на црква посветена на Св. Варвара. За арно и за многу години!“– напиша на својот facebook профил, претседателот на Собранието, Вељаноски.
WebOhrid