Хотелиерите бараат учебната година да почне на 15-ти септември

Хотелиерите бараат учебната година да почне на 15-ти септември. Тие сметаат дека во тој период туристичката сезона ќе биде подобра.

Мајските случувања во земјава, јунските временски прилики ја скратија туристичката сезона и многу аранжмани беа откажани, па затоа сметаме дека од одложувањето на почетокот на учебната година на 15-ти септември бенефит ќе имаме сите, сметаат туристичките работници од Охрид и Струга.

И првиот човек на ХОТАМ смета дека политичките случувања се одразиле на туризмот

Претседсателот на ХОТАМ, Крсте Блажески во интервју за Прес24, тврди дека политичките случувања во земјава изминатиот период серизоно се одразија на туризмот, поради што оваа туристичка сезона не може да се вброи во низата успешни.

Успешна сезона е кога гостите кои доаѓаат ќе бидат задоволни од секој аспект, кога сво сезона мај октомври хотелиерите ќе издадат повеќе од 70 отсто од собите и кога финансиските резултати на крајот на година ќе покажат позитива, вели Блажевски во интервјуто за порталот.

Блажевски вели дека Голак може да биде Банско, Кочани Терме Олимпе и посочува оти туризмот во Македонија не е само Охрид, Струга, Дојран.

Според првиот човек на ХОТАМ Македонија има потенцијал и услови да развива и друг вид на туризам кои е интерес за странците, но потребни се инвестиции и уште поголема промоција. Локалните власти да создадат услови за инвестирање.

Одредени делови во земјава пред се планинските центри, имаат одлични услови за развој на туризмот, но им недостасува организациона поставеност. Од инфрастуктура до урбанискички планови. Немаат деални урбанистички планови. Понатаму немаат добра инфрастуктура , пречистителни станици. Има предиспозиции, нема инвеститори . За 10 години во околните земји има изградено над 5 милиони легла, вели Блажевски во интервјуто.

Блажевски не се согласува дека цените во сместувачките капацитети се високи во Македонија и дека торади тоа Македонците се одлучуваат за истите пари наместо во Охрид да летуваат на море.

Тој смета дека се приближно исти со цените во хотелите и приватните апартмани во Хрватска, Црна Гора, Турција, Грција, Бугарија.

Во идниот период останува да видиме дали ќе имаме пролонгирање на туристичката сезона и дали учениците навистина ќе се израдуваат затоа што ќе биде донесена одлука учебната година да почне на 15-ти септември.

Извор: Нет Прес