И MC Wasp на Хајнекен Грин Бич Фестивал

Австралискиот драм енд бејс и хип хоп продуцент – MC Wasp, се приклучува на шоуто на Кирил Џајковски и ТК Вондер на 6-от Хајнекен Грин Бич Фестивал. Џајковски, ТК Вондер и MC Wasp ќе настапат на 1-ви август, вториот ден од најголемиот денс настан годинава.

Со емсито кој ни доаѓа директно од Мелбурн, се комплетира составот на Џајковски за крунисување на грандиозниот викенд на плажа Парк.

Главната ѕвезда на најексплозивната журка ова лето е Фед Ле Гранд, чиј диџеј сет ќе го чуеме на 31-ви јули, петок, на плажата Парк во Охрид. Фед Ле Гранд доаѓа во Охрид во рамките на неговата голема светска турнеја, во која ги посетува најзначајните денс дестинации на планетата, како Амстердам, Лас Вегас, Сан Диего, Лондон, Ибица, Миконос…

„Со приватниот авион на Фед Ле Гранд ќе пристигне и екипа од врвни продуценти, задолжени за звукот и визуелното искуство. За да им овозможиме спектакуларно доживување на оние кои ќе се журкаат на плажа Парк во Охрид на 31.07 и 01.08, Пасворд Продакшн и Октопуси Ентертејмент обезбедија екстра засилено озвучување по највисоките стандарди на фестивалите од светскиот електро крем.“– велат организаторите.

Холандскиот продуцент и диџеј, славата ја стекна со планетарниот хит “Put your hands up 4 Detroit”, трака која што се качи на врвот на сите големи денс топ листи. Потоа следуваше галопирачки развој на кариерата на феноменалниот Фед Ле Гранд, чиј квалитет го забележаа и искористија Мадона, Блек Ајд Пис, Колдплеј и многу други.

Не случајно, продолжението на она што ќе биде запаметено како најдобрата журка во 2015 е предводено од Кирил Џајковски, ТК Вондер и MC Wasp, состав чиј перформанс со години ја воодушевува публиката на најголемите европски фестивали. Џајковски и ТК Вондер прв пат настапуваат на Хајнекен Грин Бич Фестивал, а токму тие беа виновниците за распродадената втора ноќ на историскиот Д Фестивал во Дојран.

11224631_10153532466640820_3817995356871681028_n

Одбројуваме! Пет дена не делат од најадреналинската журка оваа сезона.

На првиот ден – 31.07, го имаме фантастичниот Фед Ле Гранд со локална подршка од Никифор, Лефанк, Ајсберг и Диџеј Боби.

Следниот ден, на 1-ви август, на Хајнекен Грин Бич Фестивал ќе се случи втората епизода од настанот број 1 летово. Покрај провереното и омилено шоу на Кирил Џајковски, ТК Вондер и MC Wasp, резервирано за незаборавна кулминација на фестивалот, на плажа Парк на 1-ви август ќе има целодневна програма за која ќе бидат задолжени најквалитетните домашни денс и електро диџеи.

Билетите за најголемата журка со дводневна полна програма се продаваат по цена од 400 денари и 700 денари за ВИП. Оваа супер понуда трае до 29-ти јули.

Картите на 30-ти и 31-ви јули ќе чинат 500 денари, т.е. 800 за ВИП, додека на врата ќе можат да се набават за 600 денари и 1.000 за ВИП.

Истата влезница важи за двата дена и ги молиме нашите посетители да го чуваат билетот од првата ноќ, со кој имаат бесплатен влез и на вториот фестивалски ден.

Карти само за вториот ден, 1-ви август, се продаваат по цена од 250 денари и 500 денари за ВИП.

Сите влезници се достапни онлајн на МКТикетс.мк и во следните продажни места:

Продажните салони на ONE во: Скопје (Ramstore, ТЦ Бисер, ГТЦ, ВЕРО Центар, Skopje City Mall)

Куманово, Тетово,Гостивар, Битола, Охрид, Струга, Неготино, Кавадарци, Прилеп, Штип, Велес, Кочани, Струмица, Гевгелија.

Скопје: Југотон (ГТЦ 1 кат), Универзална Сала, Тобако – МПМ ПРЕС, Тобако 2 -Скопјанка, Тобако – Дрводекор, Супер Тобако 8, Кафе Браво, Кафе Круг.

Тетово: Алпине Спорт, Кафе Амнезија

Битола: Хард Рок Кафе

Охрид: Њу Тобако; ЗЗ ТОП

Кавадарци: Ровим Ком

Куманово: Кафе Агорa

Кочани: Комисион Шишко.

11811294_10153536666535820_3073585289883618391_n