НВО Коалиција на Египќаните – Нема да дозволиме „Авантуристи во политиката“, да манипулираат со Египќаните во РМ

Со оглед на последните политички збиднувања во Република Македонија, немаме морално право, да останеме „пасивни“ во услови кога се дефинираат идните насоки во политичкиот еквилибрум и процеси, кои треба да гипратиме во чекор. Оваа, состојба е мошне сериозна, која бара особена фокусираност, мудрост, знаење, умешност, бидејки ја дефинираат патеката на просперитет на етничките заедници, мегу кои и на египќанската етничка заедница, како автохтона, автентична и лојална. Би било, премногу несериозно, некорекно и надвор од здравиот разум, овие комлексни политички процеси, да му ги доверите на „АВАНТУРИСТИ ВО ПОЛИТИКАТА“ да ги следат и да интервенираат соодветно на истите. Нема, да дозволиме како интелектуалци, како патриоти да дозволиме таков ,„луксуз“ напротив максимално ке се посветиме и коннаше приклучување кон дефинирање на истите.

Сметаме дека е неопходно потребнода се интервенира во Изборниот Законик, да има загарантирани 4 до 5 пратенички мандати, за етникумите како што се Египќаните, Црногорците, Хрватите, Бугарите…кои се лојални на државата и заслужуваат загарантиран пратенички мандат, да ги застапуваат нивни преставници во Законодавниот Дом. И, тие се даночни обврзници, лојални се,и се прашувам Зоѓто да нема уште 4 или 5 пратенички места од сегашните 123??? Формално-правно, нема никаква пречка, бидејки дијапазонот на пратеници во Македонското Собрание се движи од 120 до 140. Се поставува логичното прашање КОГА, МОЖЕ ДА ИМА 3 МАНДАТИ ЗА ДИЈАСПОРАТА, ЗОШТО ДА НЕМА 4 ДО 5 МАНДАТИ, за етничките заедници кои не се дел од Уставната Преамбула.

НВО Коалицијата на Египќаните, по однос на овие прашања, ќе бара подршка од лидерите на ВМРО ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ, ДПА, како и останатите политички фактори, како и меѓународниот фактор, а се со цел да се направат сериозни контури во насока на целосна демократизација на општеството.

НВО  Коалиција Египќани