Запленети пиштол, куршуми, златни монети, облека, мобилни телефони

Mинатата недела царинските службеници открија неколку обиди за криумчарење, при што привремено се задржани пиштол, куршуми, златни монети, облека, мобилни телефони и регистарски таблички.

Златни монети

– 2 парчиња британски златни монети од 1879, односно 1892 година со лик на кралицата Викторија од едната страна и Свети Ѓорѓи од друга странасепронајдени помеѓу личните работи на грчки државјанин, возач на патничко моторно возило со грчки регистарски таблици кој се пријавил за влез во државата на граничниот премин Богородица.

Пиштол, куршуми и марихуана

– пиштол марка ZORAKI–M 906 со 5 куршуми марка P.A PV WADIE калибар 9mm во рамката се откриени кај полски државјанин, сопатник во патничко моторно возило со чешки регистарски таблици, управувано од лице со чешко и полско државјанство, пријавено за излез од државата на граничниот премин Табановце. Покрај пиштолот и куршумите кои се пронајдени во мала црна машка торбичка, во предниот десен џеб од панталоните на сопатникот, во розево метално кутивче пронајдена е и 1,5 гр. марихуана.

Мобилни телефони

– 16 парчиња мобилни телефони iPhone 6/5/4, LG, Samsung Galaxy S5/ S4, HTC (2 нови и 14 употребувани),откриени на скопскиот аеродром Александар Велики, при контрола на личниот багаж на американски државјанин, кој допатувал со лет од Белград.

Облека

– 60 парчиња женски фустани, машки фармерки, женски маици, женски здолништа и женско палто, откриени на скопскиот аеродром Александар Велики, при контрола на багажот на американски државјанин, кој допатувал со лет од Истанбул.

– 69 парчиња детски маици, женски дуксери, детски фармерки, женски наметки, женски блузи и женски јакни и 26 пара детски тренерки и комплети (панталони со кошула), откриени во неколку патни торби на македонска државјанка, сопатничка во патничко моторно возило со македонски регистарски таблици, управувано од македонски државјанин, а пријавено за влез во државата на граничниот премин Богородица.

Регистарски таблички и сообраќајна дозвола

– 1 комплет бугарски регистарски таблички, сообраќајна дозвола и зелен картон сепронајдени во багажниот простор на германски автомобил, управуван од македонски државјанин, а пријавено за излез од државата на граничниот премин Делчево. Според изјавата на прекршителот, истиот пред една година за делови во Кочани го продал возилото со запленетите регистарски таблички и имал намера да ги одјави во Бугарија.