Во организација на Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата-Охрид и детската градинка „Јасна Ристеска“, денес педесетина деца од градинката учествуваа на едукативен час со панорамско разгледување на градот.
Покрај рекреативна, целта на оваа активност беше и едукативна односно поцелосно запознавање на најмладите со сообраќајната патна инфраструктура во градот, информирање на децата за значењето на автобусот како најкористено превозно средство во светски рамки, потсетување за потребата од почитување на сообраќајните правила и прописи и влијание врз свеста кај најмладите за подигнување на безбедносната култура.