Македонските одбојкари интензивно се подготвуваат за претстојните натпревари овој викенд против репрезентацијата на Австрија. Напорните кондициони вежби, вежбите за целосна припрема на мускулите, како и вежбите за истегнување се најава дека репрезентацијата е подготвена за победа и пласман во полуфиналето на Европската Лига.
Под будното око на тренерот на репрезентацијата, Виктор Зафиров и селекторот Жарко Ристоски, македонските репрезентативци се повеќе од упорни и се стремат кон нови победи и успеси на претстојните натпревари.
Подготовките се во тек, одбојкарите интензивно тренираат во Фитнес и Спа центарот Синерџи, а она што преостанува е во сабота и во недела да се дојде во што поголем број и да се поддржат и бодрат македонските одбојкари.