Охрид ги одбележува двата Илиндена

По повод 2 Август – Илинден, Денот на Републиката, делегација на Општина Охрид во недела со почеток во 10 часот ќе положи свежо цвеќе пред спомен обележјето на Илинденците во градскиот парк. Пред присутните историски осврт за значењето на Илинден и АСНОМ ќе одржи проф. Григор Ангеличин- Жура.

Претставници од општина Охрид во 10:30 часот во село Плаќе ќе положат цвеќе пред спомен обележјето на паднатите борци во востанието кај Рашанец во 1903 и НОБ на Македонија, а по повод празникот ќе се одржи и историски час.

Baner_Den_Republika_2015