Три случаи на нарушен јавен ред и мир се официјално пријавени во текот на овој месец во Секторот за внатрешни работи Охрид. Оваа бројка е идентична со пријавените нарушувања во истиот период лани.
Според аналитичките податоци, месецов во СВР Охрид регистрирани се 24 случаи на физички напад врз друго лице на јавно место што претставува благо намалување во однос на вкупно 26-те вакви случаи евидентирани во истиот период лани. По овие основи, СВР Охрид, месецов поднесе и десет барања за поведување прекршочни пријави.
Секторот за внатрешни работи Охрид, во континуитет бележи намалување на прекршоците по законот за прекршоци против јавниот ред и мир. Според статистичките податоци, во јули и август минатата година во Охрид биле регистрирани 49 нарушувања на јавниот ред и мир, во 2013 година имало 76, во 2012 вкупно 135, во 2011 се регистрирани 108 а во 2010 година дури 169 нарушувања на јавниот ред и мир.
Во рамките на своето работење, СВР Охрид посветено работи на откривање на сторителите на нарушувањата и поднесува соодветни пријави. Во таа насока и годинава ќе бидат интензивирани напорите за понатамошно намалување на овие прекршоци и одржување стабилнен јавен ред и мир и поволна безбедносна состојба.