Хајнекен Грин Бич Фестивал вчера беше местото. Под полната Месечина на брегот на Охридското Езеро, Фед Ле Гранд приреди незаборавно шоу, кое долго ќе го раскажуваат преку 7-те илјади посетители на највозбудливиот подиум во Македонија, каде се танцуваше до зори.
Супериорниот Хајнекен Грин Бич Фестивал, низ 6-те години од своето постоење, на македонската публика и на бројните воодушевени туристи на охридското крајбрежје им ги овозможи епските настапи на Армин Ван Бурен, Пол Ван Дајк, Карл Кокс, Џон Дигвид, Фери Корстен, Роџер Санчез и многу други клучни имиња во денс историјата. На оваа елитна листа, ова лето беше и Фед Ле Гранд.
Откако домашните диџеи, Боби, Ајсберг и Лефанк вчера го подготвија теренот за човекот кој со воодушевување е пречекан на најславните подиуми на Планетата, Фед Ле Гранд ја презеде сцената и ја пламна публиката на плажа Парк.
Повеќечасовниот еуфоричен настап на еден од најблескавите диџеи од Холандија, на плажа Парк во Охрид ќе биде запомнет како најголемата денс точка во 2015-та, забава која повеќе од достојно беше продолжена со диџеј сетот на Никифор.
Најдобриот дел од оваа неповторлива журка на плажа Парк во Охрид е фактот што денес (01.08), не чека еднакво експлозивен фестивалски ден, предводен од настапот на Кирил Џајковски, ТК Вондер и ЕмСи Васп.
Хајнекен Грин Бич Фестивал за прв пат ги пречекува Џајковски, ТК Вондер и ЕмСи Васп, за совршено продолжение на она што се случи вчера.
Вратите се отворени од 20 часот, а забавата ќе се одвива по следниов редослед:
Диџеј Ербил 21:00 – 21:50
Диџеј Синиша 21:50 – 22:50
Ана Мало & Еми Ермилова 22:50 – 00:00
Феки Фарис 00:00 – 01:15
Џајковски фт. ТК Вондер & ЕмСи Васп 01:15 – 02:45
Ајсберг 02:45 – 03:45
Лефанк 03:45 – 04:45
Сите оние кои беа дел од вчерашната журка, со билетот за Фед Ле Гранд бесплатно ќе можат да влезат на вториот фестивалски ден!
Влезниците само за вториот ден од Хајнекен Грин Бич Фестивал чинат 250 денари и 500 денари за ВИП.
Истите можат да се набават онлајн на овој линк и во продажната мрежа на МК Тикетс:
Продажните салони на ONE во: Скопје (Ramstore, ТЦ Бисер, ГТЦ, ВЕРО Центар, Skopje City Mall)
Куманово, Тетово,Гостивар, Битола, Охрид, Струга, Неготино, Кавадарци, Прилеп, Штип, Велес, Кочани, Струмица, Гевгелија.
Скопје: Југотон (ГТЦ 1 кат), Универзална Сала, Тобако – МПМ ПРЕС, Тобако 2 -Скопјанка, Тобако – Дрводекор, Супер Тобако 8, Кафе Браво, Кафе Круг.
Тетово: Алпине Спорт, Кафе Амнезија
Битола: Хард Рок Кафе
Охрид: Њу Тобако; ЗЗ ТОП
Кавадарци: Ровим Ком
Куманово: Кафе Агорa
Кочани: Комисион Шишко.