СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.М.(46) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање вопромет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 4-ти април годинава, од страна на полициски службеници е извршен претрес во домот на пријавениот при што се пронајдени пет семки канабис и 0,4 грама мешавина на марихуана и тутун.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против М.Р.(21) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање вопромет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 6-ти ноември минатата година, во Охрид на ул. „Даме Груев“ од страна на полициски службеници е извршен преглед над пријавениот при што се пронајдени 0,7 грама марихуана.