Утре и задутре земјава ќе биде под влијание на влажна и нестабилна маса односно не очекуваат дожд и грмежи.
Поизразена нестабилност ќе има утре, особено во северните и југозападните делови, каде локално се очекува да има обилен пороен дожд и грмежи, како и засилен ветер. Не се исклучува и можноста за изолирана појава на град.
„Во случај на појава на електрични празнења се препорачува поголема внимателност, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја“, информира Управата за хидрометеоролошки работи.
Врнежливо време и пониски температури не очекуваат и кон крајот на месец август.
Извор: Нет Прес