Илинденска регата Охрид 2015

Во чест на големиот Македонски празник Илинден, а во организација на едриличарскиот клуб Бофор и Едриличарската федерација на Македонија, под покровителство на Агенцијата за млади и спорт, се оддржа традиционалната 46-та по ред Илинденска едриличарска регата. Во рамките на овој настан се остварија ревијални тренинг регати во класите Оптимист, Ласер 4.7 и Виндсурф (едрење на даска). Учествуваа 25 едриличари од Струга, Охрид и Скопје, а поволните временско ветровни услови на регатното поле на оптег Горица 1 – Канео, дозволија последниот ден да се заокружат финални бодовни трки кои влегуваат во рангирање на државно ниво.

Во класата Оптимист во категорија до 12 години и во генерален пласман убедливо, златен медал освои Стефан Негриевски од ЕК Снегар – Струга, среброто му припадна на Виктор Сершиќ ЕК Бофор Охрид, а третото место (генерален пласман) го освои Илија Јовчески, исто така од ЕК Снегар – Струга. Во женска категорија, убедливо со златен медал се закити Јана Гаџоска од ЕК Бофор – Охрид, а второто и третото место го освоија Надица и Јана Наумовска, исто така од Охрид. Во Ласер 4.7 првото место го освои Иво Илинчев (ЕК Бофор), второто место му припадна на Кристијан Дуновски (ЕК Снегар), а третото место Александра Златеска (ЕК Снегар).

Комплетните резултати ги добива интернационалната светска федерација ISAF, со надеж за создавање повисоки стандардизирани современи услови и кај нас, со што нашите едриличари ќе стекнат подготвеност да ги бранат боите на Македонија на меѓународно ниво.

Овој настан беше првиот организиран по реизборот на младиот раководен тим на Едриличарската федерација на Македонија. За љубителите на едриличарските спортови претставуваше особено задоволство да се проследи ова регатно првенство кое беше организирано на високо ниво, а воедно и можност да се добие претстава за овој благороден спорт.

Движењето по слободната езерска шир, истовремено во контекст на празникот, ја симболизираше исконската борба и копнеж за слобода.

Во класата Оптимист во категорија до 12 години и во генерален пласман убедливо, златен медал освои Стефан Негриевски од ЕК Снегар – Струга, среброто му припадна на Виктор Сершиќ ЕК Бофор Охрид, а третото место (генерален пласман) го освои Илија Јовчески, исто така од ЕК Снегар – Струга. Во женска категорија, убедливо со златен медал се закити Јана Гаџоска од ЕК Бофор – Охрид, а второто и третото место го освоија Надица и Јана Наумовска, исто така од Охрид. Во Ласер 4.7 првото место го освои Иво Илинчев (ЕК Бофор), второто место му припадна на Кристијан Дуновски (ЕК Снегар), а третото место Александра Златеска (ЕК Снегар).

Комплетните резултати ги добива интернационалната светска федерација ISAF, со надеж за создавање повисоки стандардизирани современи услови и кај нас, со што нашите едриличари ќе стекнат подготвеност да ги бранат боите на Македонија на меѓународно ниво.

Овој настан беше првиот организиран по реизборот на младиот раководен тим на Едриличарската федерација на Македонија. За љубителите на едриличарските спортови претставуваше особено задоволство да се проследи ова регатно првенство кое беше организирано на високо ниво, а воедно и можност да се добие претстава за овој благороден спорт.

Ilindenska_regata_edrenje_4