СДСМ: Преку планот за економски раст, владата предводена од СДСМ обезбедува нови работни места и повисоки плати

СДСМ со соопштение до медиумите, во кое стои:

„Владата предводена од СДСМ преку Планот за економски раст сериозно се посветува на борбата против невработеноста, зголемување на просечната плата, зголемена поддршка кон домашните и странски инвестиции и зголемен извоз.

Наместо тајното нетранспарентно трошење на парите на граѓаните за привлекување на странски инвестиции, Владата предводена од СДСМ отчено, одговорно и транспарентно работи на привлекување на странски инвестиции.

Наместо потценувачкиот и понижувачки однос од страна на владите на ВМРО-ДПМНЕ кон домашните компании, преку владиниот план за економски раст домашните компании ќе можат да сметаат на сериозна државна поддршка за отворање на нови работни места, нови инвестиции и поддршка на извозот.

Ќе се поддржат новосоздадените работни места за кои платите ќе изнесуваат за 50 % повеќе од минималната плата.

За секое новосоздадено работно место за кое ќе се исплаќа плата за 50 % повисока од минималната плата, десет отсто од нето од вредноста на платата ќе биде вратена кон инвеститорот.

Со пакетот мерки ќе се стимулираат и високоплатените кадри, односно компаниите кои ќе дадат плата повисока за два пати од просечната плата во Република Македонија, ќе бидат финансирани со 20% од исплатената плата.

На тој начин ќе се отвори спиралата за раст на просечната плата. Ќе се обезбеди државна поддршка за сите компании што ќе остварат пораст на извозот, а предвидени се и низа на мерки за привлекување на големи интернационални компании и меѓунационални корпорации, како и за рестартирање на компании кои се во стечај или ликвидација.

Како што вети пред граѓаните, Владата предводена од СДСМ почнува процес што обезбедува подобар животен стандард и услови за раст на економијата и бизнисот.“– стои во соопштението.