Водните змии претставуваат составен дел од секој екосистем, па и од екосистемот во и околу Охридското Езеро. Тие можат да се сретнат на диви плажи, плажи со густа вегетација. Често бегаат од капачите и бараат мирно место, како би фатиле некое рипче за да се прехранат.
Во овој случај, една змија возбудена со својот улов и брзајќи да го изведе на копно, се појави на една добро посетена охридска плажа. Некои од посетителите на плажата кои за прв пат се соочија со вакво искуство имаа можност да гледаат „Опстанок“ во живо.
Напомена: Ниту едно животно не е повредено при снимањето на овие фотографии. Откако змијата го виде објективот на WebOhrid, таа ја испушти рибата и замина во езерските длабочини.
WebOhrid